Со цел квалитетно и навремено извршување на процесите на реализација на градежни и машински услуги, “Агро-бар“ ДОО Виница располага со искусен кадар од инженери и работници, како и со висока технолошка опрема. Во браварско -заварувачкиот дел располагаме со машини за гасно сечење на лим до 70мм, хидраулични макази за сечење на лим до 10мм, како и виткање на истиот на хидраулични апкан преси и валц машина. Машинска доработка се врши и со Екцентар преси од 160 тона и Фрикциона преса од 315 тона, и сето тоа е пропратено со квалитетен заварувачки машински парк како REL така и CО2 заварување. Во машинскиот дел располагаме со комплетен машински парк од стругови, глодалки, дупчалки, брусилки и единица за термичка обработка со што се затвара комплетно производниот циклус за комплетна изработка на земјоделски машини, комунална опрема, како и градежни и останати услужни дејствија. Долгогодишното искуство и комплетно заокружениот производен процес дава можност да се реализираат најразлични договорни услужни дејствија. Врз основ на редовни анализи се врши подобрување на соработката со нашите добавувачи, а преку континуираното планирање се врши навремена алокација на човечките и материјалните ресурси. Секојдневната обука на вработените придонесува за континуирано подобрување на стручните перформанси на вработените.