mk   eng

За нас

Историјат и општи податоци за друштвото

                АГРО-БАР ДОО Виница Р.Македонија, е компанија чија основна дејност е производство на производи од металната индустрија: земјоделска приклучна механизација, контејнери, челични конструкции, метална галантерија, огради, резервни делови и делови по нарачка.

                Компанијата е формирана 1971 година и опстојува на пазарот повеќе од 45 години,  поминувајки низ повеќе развојни етапи во своето работење, еволуира и се профилира во друштво со висока професионалност и голем рејтинг на сопствениот бренд.

                Од април 2006 година работи како ново формирано правно лице под ново име  Агро-Бар ДОО Виница приватизирано 100% во склоп на групацијата БАРГАЛА АД од Штип, при што  продолжува со работа во истата дејност, задржувајќи го во континуитет целиот асортиман на производи  со постоечкиот квалитет со кој сме препознатливи на пазарот во државата и пошироко  во соседните држави.

                Врвниот квалитет и функционалност се препознатливиот печат на сите производи од производната програма на АГРО-БАР ДОО. Акцентот на квалитетот се поставува со вградување на квалитетен материјал со одредени особини пропишани со самата техничка документација што се проследува во процесот на производство.

Агро-Бар ДОО вработува околу 100 стручни лица кои учествуват во сите процеси на работењето на компанијата.

Друштвото  располага со површина од 32 000 метри квадрати од кои 8 812 метри квадратни се под објекти, во кои е сместена потребна опрема за производство на производи кои спаѓаат во доменот на метало преработувачките капацитети.

 

Менаџмент и корпоративно управување

                 Со друштвото управува менаџерски тим на чело со Извршен директор. Во менаџерскиот тим влегуваат високо стручни кадри оспособени да се справат со сите предизвици во своите области.

                Стручениот инжењерски тим со успех и визија имплементира нови современи трендови и постојано го подобрува производството во смисла на инвестирање во нови современи технологии и знаења, како и со проширување на постојниот асортиман на производи, а со цел задоволување на потребите и барањата на крајните потрошувачи. 

Агробар

ул.Партизанска бр.1  Виница, Македонија
+389 71 365 250
+389 33 364 436
+389 33 364 446
+389 33 364 095

Услуги

Вашиот текст оди овде, вашиот текст оди овде.
Вашиот текст оди овде, вашиот текст оди овде
Вашиот текст оди овде, вашиот текст оди овде
Вашиот текст оди овде, вашиот текст оди овде
Вашиот текст оди овде, вашиот текст оди овде

Вештини

брзина
70%
сигурност
50%
ефективност
90%
Текст
40%

ул. Партизанска бр. 1  Виница, Македонија | +389 71 246 728 | +389 33 364 436                 | +389 33 364 446 | +389 33 364 095 | info@agrobar.com.mk

Designed & Developed Elkom Group | web design | hosting solutions | www.elco.eu.mk